Филип Петровски: Мицкоски со криминалци и бандити сака да остане на тронот!

Емисија која руши рекорди по гледаност на интернет. Филип Петровски во неделата беше по втор пат гостин на Васко Ефтов во последните месец дена. Првата емисија која може да ја најдете подолу има скоро 200.000 прегледи што е незамисливо на овие простори, кога станува збор за ваков тип на емисии кои се емитираат на Јутјуб.

Мицкоски три години пред јавноста глумеше чесен политичар, за на крај да се види дека зад тој проект на Даскалот сепак се крие нешто друго, вели Филип Петровски во емисијаta „Во Центар“ на Јутјуб.

Изворниот текст од сајтот ВО ЦЕНТАР ТУКА!!!

Мартин Протугер, Сашо Мијалков и Никола Груевски долго време работеа на проектот Мицкоски да дојде на чело на ВМРО-ДПМНЕ. Неговата задача не беше да се бори за спас на државата или за спас на името, туку за спасување на олигархијата и криминалот на предходното раководство, вели Петровски. Во вакви услови, на продадено име, и се што е национално важно во државата е срамно што Мицкоски загуби од Зоран Заев.

Некој на Мицкоски му имаше ветено победа од седум до десет пратеници, вели Петровски, и тој веруваше во тоа. Затоа на крајот од изборната вечер резултатот беше студен туш за него и целото негово раководство. Чудно е вели Петровски, што серверот на ДИК падна во моментот кога се дознаа првичните неофицијални резултати за водство на СДСМ.

Со сите глупости што беа направени од страна на ДИК се настојува да се дискредитира целиот изборен процес и да му се обезбеди останување на Мицкоски на чело на партијата и покрај поразот на изборите. Според Петровски, Никола Груевски и Мартин Протугер, по истото сценарио како на чело на партијата беше донесен Мицкоски, работат на носење на нов човек на чело на партијата. Петровски не сакаше да одговори дали станува збор за поранешниот министер за надворешни работи, Никола Поповски.

Од бомбите се виде дека Мицкоски не е само наше дете кое доаѓа од добро ситуирана фамилија, туку се гледа и неговата друга страна на карактерот, а тоа е дека сака и комуницира со луѓе од политичкото и криминалното подземје. Дури тие му кажуваат ние сме извршители, вие како Претседател треба само да ни дадете наредба. Каква наредба или наредби прашува Петровски?

Со Мицкоски ВМРО ДПМНЕ не може да победи на ниту едни избори, вели Петровски. Тоа се виде во последните четири или пет изборни циклуси. Со него партијата може да оди само во нови порази и поделби. За три години партијата изгуби еден од три гласачи што гласаа за нас. Или точно кажано изгубивме околу 142 илјади гласови. Секој трет наш гласач не гласаше на овие избори за нас. Тоа е катастрофа како за Мицкоски уште повеќе за партијата, заклучува Филип Петровски во емисијата „Во Центар“ на Васко Ефтов на Јутјуб.

Емисијата од 21 јуни 2020:

Сајтот на Филип Петровски ТУКА!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.