Нема ден да помине, а градоначалникот Јорданов да не заглави во нов финансиски скандал.
Потфрли на првата вечер од Пастрмалијадата, настан првенствено предвиден за промоција на традиционалната штипска пастрмајлија.
Наместо гостопримлива промоција на пастрамалијата и развој на локалната економија, Јорданов вчера го оцрни образот на Штип и наплаќаше паркинг на влезот од градот од 80 денари за сите автомобили кои немаат штипски регистарски таблици.
В. Д. Директорот на ЈП Стипион – Ефтимов, фатен со рацете во медот по примерот на шпицниот градоначалник Мицкоски, преку фб страната на ЈП Стипион дрско излажа дека неговите вработени не вршат наплата туку делат само флаери.
Ваквото однесување е недозволиво и затоа Ефтимов од морални причини треба да си поднесе оставка.
Јорданов и Ефтимов се должни да обезбедат соодветни паркинг места за ваков тип на настан, каде доаѓаат посетители од целата држава.
И додека речиси цел град е без вода повеќе од 24 часа, Јорданов и ДПМНЕ се повеќе загрижени како да си ги наполнат џебовите, отколку да обезбедат чиста вода за пиење.
Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ и директорите на јавните претпријатија потфрлија во целост.
Едниот го посрамоти Штип и традиционалната манифестација Пастрмајлијада за 80 денари, другиот ги остави штипјани и посетителите во Штип без чиста вода за пиење – е кажано во реакција на СДСМ после скандалозното наплаќање на влез во Штип вчера…