Во Шпанија келнерот е секогаш во право

Брачен пар од Англија доживеал прав пекол на патување со велосипеди од Кордоба до Гранада. Наместо на шпанските писти за велосипеди, по вечера во ресторан завршиле во затвор.
Кога приметиле дека на нивната сметка има грешка, поточно 15 евра повеќе за наплаќање, се побуниле кај келнерот, кој упорно тврдел дека грешката не е негова и барал да го платат целиот износ на сметката. По кратка кавга, од ресторанот повикале полиција, британците се сложиле убедени дека се во право и полицијата само ќе им помогне. Дека тоа не било доволно, парот бил уапсен, облеката им била одземена и преноќиле во локалниот шпански затвор. Кога утрото добиле право на адвокат и преведувач им било кажано дека се оптужени за напад врз полицаец, отпор кон приведување и измама на келнерот од ресторанот.
Ослободени биле уште истиот ден, но им било кажано дека мораат да се вратат повторно за судење. По повеќе повратни карти, судски трошоци и различни адвокати, како и малтретирање со шпанските власти и судови, тие потрошиле скоро 1000 евра, а веруваме дека не планираат никогаш повеќе да помислат ни да ја посетат Шпанија.Брачен пар од Англија доживеал прав пекол на патување со велосипеди од Кордоба до Гранада. Наместо на шпанските писти

Пронајдете не на следниве мрежи: