четврток, 12 ноември 2026
Најново

Во ЈАР нов начин на лекување СИДА

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Јужноафриканскиот министер за здравство во понеделникот објави дека почнува примената на новиот начин на лекување на СИДА-та со еднократна доза којашто ќе го поедностави лекувањето на болеста само со една таблета дневно.

Комбинацијата „три во едно” од антиретровирусниот лек обезбедено е по рекордно ниска цена од само осум евра месечно за секој пациент.
 „До 2010 година го купувавме најскапиот антиретровирусниот лек на светот. Сега сме земја во која тој лек е најевтиниот на светот. Тоа значи дека можеме да го зголемиме бројот лица опфатени со лекувањето”, изјавил јужноафриканскиот министер за здравство, Аарон Моцоаледи.
 По повеќе години во кои Јужноафриканската Република одбиваше да дели антиретровирусни лекови, во оваа земја денес со лекување се опфатени 1,9 милиони луѓе од 5,6 милиони колку што се регистрирани како ХИВ позитивни.
 Новото апче ќе им се издава на ХИВ позитивните трудници, мајките доилки, лицата кои боледуваат и од туберкулоза, како и на новозаболените.
Јужноафриканскиот министер за здравство во понеделникот објави дека почнува примената на новиот начин на лекување на С

Поврзани вести