четврток, 12 ноември 2026
Најново

Вработените во МФ нема да добиваат 30 отсто повисоки плати и нема да ги вратат паричните средства што претходно ги добиле

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Уставниот суд донел конечна одлука за платите на вработените во Министерството за финансии (МФ). Како што соопшти денеска претседателката на Судот, Добрила Кацарска, се работи за укинувачка одлука, а не за поништувачка, а тоа значи дека во иднина вработените нема да го земаат надополнувањето на платата и нема да ги вратат паричните средства што претходно ги добиле.

-Донесена е конечна одлука со која е укината оспорената одредба од законот. Се работи за укинувачка одлука, а не за поништувачка, што значи, во иднина вработените нема да го земаат тоа надополнување на плата, како што гласеше во Законот, и нема да ги вратат паричните средства што претходно ги добиле, истакна Кацарска, одговорајќи на новинарски прашања по промоцијата на поштенска марка по повод 60 години постоење на Уставниот суд.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Таа информираше дека Уставен оформил предмет и по иницијативата поднесена од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) за оспорување на балансерот за вработувањата по националност. Иницијативата била поднесена пред десетина дена.

„Се работи за нов предмет. Точно е дека ДКСК има доставено таква иницијатива до Судот. Формиран е предмет и даден е на тим за работа, но тој предмет е стигнат пред можеби десетина дена и земен е во работа“, подвлече Кацарска.

Поврзани вести