И ТОА Е МОЖНО: Вработени од МВР без здравствено осигурување

Вработени во Министерството за внатрешни работи останале без здравствено осигурување, а институциите денеска си ја префрлаат топката.
„Слободен печат“ денеска објави дека од вчера вработени од МВР се враќани од хемотерапија, лаборатории, дијагностички процедури со образложение да платат приватно за здравствените услуги или да чекаат да се реши проблемот.

Од Министерството за внатрешни работи за „Слободен печат“ изјавиле дека проблемот не е до кај нив и ги препратиле одговор да бараат од Фондот за здравствено осигурување,а оттаму со одговор дека здравственото осигурување се активира аввтоматски со уплаќање на придонесите.
– Според податоците евидентирани во системот, во Министерството за внатрешни работи се регистрирани вработени кои се вратени на работа врз основа на судски одлуки. За дел од овие лица во моментот не е евидентирана соодветна уплата на придонесите за здравствено осигурување за периодот за кој се пријавени, појаснуваат од ФЗОМ.
Во вакви случаи, велат од ФЗОМ, кога кај правен субјект дополнително се пријавуваат вработени за претходен период, потребно е да се изврши соодветна корекција на пресметката на плата за тој период и да се доплатат придонесите и за дополнително пријавените лица. По евидентирањето на уплатата, здравственото осигурување се активира автоматски, посочува ФЗОМ.
Според ФЗОМ, во моментот, претставници на Фондот и на Министерството за внатрешни работи се во директна координација за спроведување на потребните постапки и надминување на состојбата во најкраток можен рок.

Пронајдете не на следниве мрежи: