четврток, 12 ноември 2026
Најново

Временска најава за утре: Лоша вест за метеопатите

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во текот на денешниот ден Македонија повторно се наоѓаше под влијание на Андреа па така на повеќе места имаше и повремени врнежи од дожд. Во попладневните часови поради загреаната атмосфера и тоа особено во источните предели се разви нестабилна облачност која беше проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено интензивна нестабилност и развој на олуен систем имаше околу Радовишкиот регион и истиот услови интензивен пороен дожд, засилен ветер, електрични пранења а во околината на Радовиш имаше и интенизвни врнежи од град.


Утре и во среда пак очекуваме постабилна атмосфера иако на планинските места во текот на попладневните часови не се исклучува можноста за локален краткотраен дожд и грмежи додека поголеми услови за нестабилност и на повеќе места повторно ќе има во четврток попладне и во петок, повеќе информации околу оваа нова нестабилност следуваат наскоро.

Поврзани вести