четврток, 12 ноември 2026
Најново

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Променливо облачно со сончеви периоди

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Времето денеска во државата ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Во Скопје, променливо облачно, претпладне во делови од котлината со појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Според УХМР, следува период на променливо облачно време со услови за појава на утринска магла по котлините. Локални врнежи од дожд ќе има од четврток, а поради продор на постудена воздушна маса од север во недела на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег.

Поврзани вести