Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде сончево, попладне во источните делови ќе има појава на мала до умерена облачност. Ќе дува со слаб североисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи од минус 1 до плус осум, а дневната од 20 до 26 степени.
И во Скопје ќе биде сончево со слаб североисточен ветер. Температура ќе се движи од шест до 24 степени.
Од петок на повеќе места во земјава ќе има умерено наоблачување. И во наредните денови утрата ќе бидат малку постудени, а дневните температури ќе бидат без позначителни промени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.