Многу луѓе ја оставаат елката и до 2 месеци по Нова година
Многу семејства на почетокот на декември почнуваат да ја украсуваат елката во домот, а некои тоа го оставаат за последните денови пред Нова година.
Дополнително, се случува елката да ја оставиме и 2 до 3 месеци по дочекот, што според правилата на фенг шуи не е добро.
Освен што на елката, но и на украсите ќе се собере голема количина прашина, се верува дека оставањето на елката после сите празници може да внесе лоша енергија во домот.
Затоа главното и непишано правило е елката да се раскити веднаш по Божиќ, односно до 20 јануари или најдоцна до крајот на оваа недела.
Според правилата на фенг шуи, сè што ја „извршило“ својата работа треба што поскоро да се отстрани од куќата. Таков е случајот со новогодишните украси.
Таа припаѓа на новогодишните празници, кои веќе поминаа. Ако не ја отстраните, верувањето е дека ментално останувате во минатото. Треба да размислуваме за иднината, за времето што доаѓа, а тоа е пролетта.
Отстранете ги новогодишните украси и подгответе се за украсување на домот во март – наберете кокичиња, тие носат оптимизам, а наместо новогодишни светилки, купете некои други облици, како кинески лампиони, кои го подигнуваат расположението.