Време е да го ИСЧИСТИТЕ гардероберот и да се ослободите од нив: Четири есенски трендови кои тоа ПОВЕЌЕ НЕ СЕ

Овие парчиња облека полека заминуваат во заборав
Кога некој добро познат бренд „ќе извади“ нови парчиња облека, постарите трендови паѓаат во заборав.
Во суштина, се што е ново, брзо станува актуелно.
Меѓутоа, покрај класиците што се носат од сезона во сезона, има и парчиња кои имаат свој „рок на траење“. Модните стилисти издвоија четири есенски трендови што треба да ги оставиме во минатото и да ги замениме со некои нови парчиња.
Се разбира, ова се само предлози, а не строги правила, и секој треба да го земе предвид својот личен стил. Ако ви се допаѓаат темните бои, облечете ги, ако тренерката ви е омилена, нема причина да ја отфрлите.
1. Дотраени маици и тренерки
Пандемиската мода се фокусираше на се што е поврзано со спортот, а стилистите велат дека сега светот на модата повторно се движи кон посложениот и дефиниран изглед. Ако ги прашате, тренерките треба да се заменат со кашмир и друго фино плетиво. Парчињата во кои живеевме изминатата година и половина треба да се одложат и да и се вратиме на „нормалната“ облека, сметаат стилистите.


2. Темни бои
Обично на есен, нашата гардероба станува потемна, но оваа година, според стилистите, треба да носиме бои. Светлите бои што го одбележаа летото не треба целосно да се напуштат. Импресивни парчиња и многу бои треба да го означат периодот што следи. Стилистите, исто така, препорачуваат да не ги избегнувате разиграните модели и да избирате светло плетиво.
3. Комплети
Во годината зад нас, се носеа плетени комплети, кои често ги заменуваа тренерките. Но, како тренерките, треба да ги оставиме зад себе, велат стилистите. Наместо тоа, одберете плетени елеци, кои се совршено парче за слоевито, забавно облекување.
4. Фустани со изрези
Стилистите веруваат дека е време да ги оставите фустаните со разни изрези. Меѓу другото, температурите се спуштаат пониско, па може да биде многу студено за нив, дури и со јакна.
Наместо тоа, изберете долги фустани. Тие се и голем летен тренд кој им ласка на сите облици на тело, но советот на стилистите е да додадете џемпер и чизми со вашиот омилен макси фустан и ќе добиете совршено удобна комбинација.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.