Време е за детокс: Направете си еликсир од ѓумбир

Започнете го денот со освежителен пијалак, кој ќе ви даде енергија за новите предизвици што ви претстојат.
Топла вода, лимон и ѓумбир се совршена комбинација за детоксикација на телото. Лимонот е богат со витамини, го чисти црниот дроб и позитивно влијае на варењето, а здравото варење е клучот за правилно слабеење. Ѓумбирот е познат по своите лековити својства и помага да се стартува метаболизмот.


Подготовка:
Помешајте една чаша топла вода со свежо исцеден сок од еден лимон и еден сантиметар рендан ѓумбир. Најдобро е да го направите овој напиток пред спиење, а да го пиете наутро.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.