Вреќа пари за мачка во вреќа

На прес-конференцијата одржана во Стопанската комора беше претставен новиот проект TRAINEE, за енергетско ефикасно греење. Купувате нов стан, додуша сеуште во градба, плаќате сума за А категорија што подразбира енергетска ефикасност иии???. Станот е готов, но наместо од А, според договорот и платеното, добивате стан од Б или Ц категорија. Тоа подразбира поголеми трошоци за вас, односно дека ќе плаќате многу поголеми сметки за струја и парно.Сертификатите за енергетска ефикасност на становите, барем за сега, се издаваат врз база на проектна документација, но во текот на градбата се прават бројни измени и отстапки. Проблемот бил во тоа што дел од работниците не биле обучени за изведба на енергетско – ефикасни станови, објасни Игор Панчевски, експерт за енергетска ефикасност од ЗБК Креација“ – Скопје, на пресот.  Решение сепак ќе има, вети тој, со воведувањето на БИМ алатката со која ќе се следи градбата на објектите од проектирање, преку изведба,  се до давање на станот или објектот на корисникот. Не била во прашање желбата на инвеститорот за намалување на трошоците, туку била потребна обука на работниците која ќе се изведува во 3 етапи во период од 30 месеци. Е, па вие што купивте-купивте и со здравје да се служите, ако парите сеуште ги чувате почекајте барем уште три години.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.