ВРИЕ ОД ПОЛИЦИЈА И ПРОТИВПОЖАРНИ ВОЗИЛА ВО ПИНТИЈА СПРОТИ ОХИС! Истечена е непозната материја

Врие од полиција и противпожарни возила во Пинтија, спроти ОХИС, поточно кај салонот за мебел Андро промет.

Истечена е непозната материја, според неофицијалните информации не се работи за материја истечена од ОХИС, меѓутоа повеќе противпожарни возила се на терен заедно со полиција. Сообраќајот засега не е запрен.

Официјални информации се уште нема. Во околината имало непријатен мирис, велат за Инфомакс луѓе кои поминуваат од местото на настанот. Истечена е поголема количина од непознатата течност.

Пронајдете не на следниве мрежи: