Вртоглавата цена на домот вешто ја крие, но не и изгледот на истиот: Карлеуша живее во вистински рај кој и го купил Душко Тошиќ

Иако обично не ја покажува својата луксузна вила на социјалните мрежи, Јелена Карлеуша понекогаш прави исклучок и со тоа ги воодушевува своите следбеници.
Пејачката е многу активна на социјалната мрежа Инстаграм, каде понекогаш споделува детали од своето секојдневие, па така на фановите не им избегаа и малите нешта со кои таа откри во каков луксуз ужива нејзиното семејство.
Пред извесно време фудбалерот Душко Тошиќ и пејачката Јелена Карлеуша со ќерките Атина и Ника се преселија од вила на Дедиње во скапа куќа во Сењак, за што наводно издвоиле 2,5 милиони евра.
Семејството долго чекаше да се пресели бидејќи нивниот нов дом е украсен со посебна грижа, а обожавателите на Јелена едвај чекаат да откријат во каков луксуз ужива и каков е нејзиниот вкус за уредување простор за живеење, судејќи по тоа колку е добра во модниот свет.

Додека ентериерот останува скриен зад затворени врати, Јелена сега покажа волшебна надворешност: балкон кој потсетува на сцени од холивудските филмови и двор. На некои фотографии што пејачката ги сподели изминатите месеци, може да се види дека се вложило посебен напор за украсување на овој дел од домот, во кој доминираат беж, шампањско и крем тонови.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.