Адеми, како што се наведува во соопштението од Врховниот суд, ги информирала колегите за преземените активности и соработка со надлежните институции во врска со случајот и решението за времено оддалечување од вршењето на судската функција
Претседателката на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Беса Адеми денеска на седница на судии ги информирала врховните судии во врска со започната кривична постапка против судијата на Врховниот суд Наке Георгиев.
Адеми, како што се наведува во соопштението од Врховниот суд, ги информирала колегите за преземените активности и соработка со надлежните институции во врска со случајот и решението за времено оддалечување од вршењето на судската функција.
„На денешната седница на судии беше истакнато дека едни од основните заложби на Врховниот суд како највисок суд во државата е владеење на правото, независно и ефикасно судство ослободено од било какви влијанија и ефикасна борба против корупцијата во согласност со начелата на кривичната постапка“,
се додава во соопштението од Врховен.
Попладнево на врховниот судија Наке Георгиев, за кој постои основано сомнение за кривичното дело „примање награда за противзаконито влијание“, му беше определен 30-дневен притвор. Мерката беше определена откако тој беше изведен пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје. Мерката е определена по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупцијата (ОЈО ГОКК) денеска преку соопштение официјално информираше за вчерашната акција на МВР во која беше уапсен судијата Наке Георгиев. Против него, како што соопштија од Обвинителството, е покрената истрага поради основано сомнение за сторено кривично дело примање награда за противзаконито влијание од член 359 од Кривичниот законик.
Судскиот совет на вечерашната итна седница одлучи да му го одземе имунитетот на судијата на Врховниот суд Наке Георгиев и да ја одобри мерката притвор.
Имунитетот на судијата кој вчера беше уапсен поради сомневања за примање поткуп, како што информира Судскиот совет, се одзема заради непречено водење на кривичната постапка.
Покрај овие две, Советот на седницата донел уште една одлука, со која судијата времено се оддалечува од вршење на судиската функција во Врховниот суд до правосилно завршување на кривичната постапка.
!function(f,b,e,v,n,t,s){if(f.fbq)return;n=f.fbq=function(){n.callMethod?
n.callMethod.apply(n,arguments):n.queue.push(arguments)};if(!f._fbq)f._fbq=n;
n.push=n;n.loaded=!0;n.version=’2.0′;n.queue=[];t=b.createElement(e);t.async=!0;
t.src=v;s=b.getElementsByTagName(e)[0];s.parentNode.insertBefore(t,s)}(window,
document,’script’,’https://connect.facebook.net/en_US/fbevents.js’);
The post Врховниот суд одржа седница, претседателката Адеми ги информирала судиите за кривичната постапка против Наке Георгиев appeared first on 365.com.mk.
Пронајдете не на следниве мрежи: