Вучиќ веднаш ќе прими кинеска вакцина, еве зошто

Во обраќање до граѓаните на Србија од Бахреин, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги коментираше последните најави од Европската унија, во врска со дискриминацијата на руските и кинеските вакцини во однос на дозволата за патување во ЕУ.
-Би било неразумно, но ако ја донесат, тоа ќе биде одлично за нас. Како ќе го забранат доаѓањето на унгарскиот премиер кој беше вакциниран со кинеска вакцина? Сега и мене кога слушнав, ме забрзаа да се вакцинирам со кинеската вакцина, а потоа ако не ме прифатат во Брисел, нема ништо од дијалогот со Приштина, изјави Вучиќ.
Според него најавата на ЕУ за воведување на ковид пасоши со одобрени вакцини од ЕУ е лоша и скандалозна одлука, спротивна на највисоките европски вредности.
Тој наведе дека во тој случај, Србија ќе направи лабораторија за брзи PCR тестови и дека ќе ги издава резултатите за два часа, така што луѓето што примиле кинеска вакцина „може да одат каде сакаат во Европа”.
-Ние од Европа не добивме ниту една вакцина, што значи дека никој од Србија и целиот регион нема да има право да патува во ЕУ, потенцираше Вучиќ.
Тој оцени дека не треба да се мери според бојата на знамето дали ви се допаѓа вакцината.
-Сакам да верувам дека никој во Европа сериозно не размислува за таа одлука. Ако ја донесат, ќе ја разбереме нивната порака и што мислат за нас и за нашиот регион. Нашата земја ќе се развива со молскавична брзина – заклучи Вучиќ.
Предлогот за воведување на таканаречени „ковид-пасоши” за слободно движење во рамките на ЕУ, што ќе биде предложен на 17 март, ќе важи само за вакцинирање со вакцини одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА). Ова е затоа што неодобрените вакцини нема да бидат опфатени со клаузулата за одговорност и контрола на квалитетот на ЕУ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.