Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ѝ рече на претседателката Урсула фон дер Лајен дека „штотуку добил порака од Москва“ во Брисел синоќа, додека пристигнувал на состанок во Европската комисија (ЕК).
Фон дер Лајен, како што пишува „Јутарњи лист“, а пренесува „Н1“, му одговорила: „Добро, да почекаме…“
Зборовите беа снимени од камери и брзо го привлекоа вниманието на европските новинари, особено поради чувствителниот момент во односите меѓу Европската Унија и Русија, како и поради честите критики кон Брисел поради непочитувањето на заедничката надворешна политика на ЕУ од страна на Србија.
The mic is always hot. Serbia’s president Vucic last night «I got a message from Moscow now…» von der Leyen aware of cameras «Let’s…let’s wait till we are…» pic.twitter.com/YoDuGOF44R— Maria Tadeo (@mariatad) December 11, 2025
Засега не е познато на што конкретно се однесува пораката на Вучиќ од Москва, а ниту една страна сè уште официјално не го коментирала овој настан, објавува „Јутарњи лист“.
Инаку, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, му порачаа на Вучиќ дека е важно Србија да работи на подобрување на владеењето на правото и слободата на медиумите.
The post Вучиќ во Брисел, пред камерите, откри дека добил порака од Москва, Фон дер Лајен го прекина appeared first on Во Центар.



