Вучиќ ги повика сите ученици да се вратат на настава

Српскиот претседател Александар Вучиќ ги повика сите ученици денеска да се вратат на настава и истакна дека тоа ќе биде едно од суштинските барања на Големото народно собрание во сабота на 12 април.

Вучиќ во видео објава на Инстаграм истакна и дека сите одговорни за насилството во земјата ќе бидат изведени пред лицето на правдата.

Како што рече, деновиве целата јавност е информирана како изгледаат познатите пленуми.

„Дека зборуваат за извршување тешки кривични дела. Видовме дека платформата за вршење насилство во Србија, United Media, ги повикува луѓето на насилство доколку нема влада по нивен избор, без разлика што немаат мнозинство, без разлика што ништо не би било во согласност со законот“, изјави Вучиќ.

Тој ги повика учениците да се вратат на наставата.

„Моја голема желба и барање, пред сè до учениците, да размислат за враќање во нивните амфитеатри, во училниците, да учат и да работат. Моето барање е да разберат дека времето на притисок и насилство помина. Моето барање е само да го направат она што е најдобро за себе и да го направат она што ќе ги направи горди нив и нивните родители.

Тој изјави дека тоа секако ќе биде едно од барањата што ќе бидат изнесени во сабота и дека овие барања нема да се напуштат додека целосно не се исполнат.

„Сторителите ќе треба да одговараат, а Србија повторно ќе биде слободна, ослободена од терор, секој ќе може да се движи како, каде и до што сака, секој ќе има право да се собира, секој ќе има право да размислува за себе, а не за некој друг. Србија е слободарска земја и отсекогаш можела и успевала да се бори за слобода.

Пронајдете не на следниве мрежи: