Вучиќ имал висок крвен притисок

Освен краткото соопштение утринава испратено од Генералниот секретеријат на српскиот претседател, во кое се наведува дека „Александар Вучиќ поради кардиоваскуларни проблеми е примен на Военомедицинската академија (ВМА) и потврдата на неговата советничка, Сузана Васиљевиќ, дека неговата здраствена состојба е стабилна и поради мерките на претплазливост тој се уште се наоѓа на ВМА, во Србија сеуште нема официјални информации, ниту за конкретните причини за синоќешното влошување на здравјето на српскиот претседател, ниту кога ќе биде пуштен дома.
– Дали денес или утре- ќе зависи од проценка на лекарите – изјавија од неговиот Кабинет.Според медиумите, најверојатно српскиот претседател имал проблеми со високиот крвен притсок, што не е прв случај и се должи на неговиот прекумерен политички ангажман.


На тоа посочуваат и реакциите од неговите блиски соработници.
Така министерот за финансии Синиша Мали, на Инстграм профилот напиша-
– Поддршка за мојот пријател и нашиот претседател Александар Вучиќ. Брат мој, знам дека не ги сонуваат сите нашите соништа и дека карактерот не ти дозволува долго да одмараш, но те молам повеќе да се грижиш за себе. Продолжуваме да се бориме … За подобра и поуспешна Србија, напиша Мали.
Со слична порака се огласи и министерот за одбарана Александар Вулин, кој порача дека „сè ќе биде добро, затоа што Александар Вучиќ е силен и тврдоглав, а не затоа што ги слуша лекарите“.
Покрај подршката од останатите соработници, со реакција преку соопштение се јави и вицепремиерката Зоранаа Михајловиќ, која реагираше на негативните коментари на социјалните мрежи во Србија за здравствената состојба на Вучиќ, „кои се неспоиливи со човечноста, пристојноста и стремежот на Србија да биде толерантно општество.“

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.