Вучиќ и Дачиќ договорија продолжување на соработката

 Претседателите на Српската напредна партија (СНС) и на Социјалистичката партија на Србија (СПС), Александар Вучиќ и Ивица Дачиќ, денеска се договорија за продолжување на соработката меѓу двете партии, пренесе Бета.

Медиумите во изминатите денови пишуваа дека Вучиќ, на средбата на врвот на партијата, рекол дека е разочаран од однесувањето на социјалистите.

Вучиќ синоќа за Тв Пинк потврди дека се нарушени односите со СПС и најави денешната средба со Дачиќ. Тој изјави дека СНС го почитува СПС, но дека, како што рече, сега знае дека во тешки времиња може да се потпре само на себе.

Претходно тој праша „за громогласниот молк на СПС“ во српското Собрание, за време на расправата за Косово, и одговори дека сите на политичката сцена сакаат да глумат жртви. 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.