Вучиќ: Не бегам никаде, не попуштам пред фашистички лидери и тајкуни

Српскиот претседател Александар Вучиќ во изјавата поставена на Инстрагам во 15:20 нагласува дека нема да го напушти Претседателството и нема да попушти пред „фашистичкиот лидер“ Бошко Обрадовиќ и тајкуните Ѓилас и Јеремиќ и дека никогаш нема да се откаже од борбата за пристојна и модерна Србија.
„Јас сум во моја канцеларија во Претседателството, нема да бегам, нема да заминам, зашто за она што се борам, принципите за кои се залагам се повредни од животот. Никогаш нема да се откажам од борбата за пристојна и модерна Србија, нема да се повлечам пред фашистичкиот водач и тајкуни, крадци кои ја оштетија земјата “, истакна тој.


„Ги молам моите поддржувачи за модерна и пристојна Србија да не одат во Белград, пристојните белградски граѓани не доаѓаат да се соочуваат со мал број луѓе, насилни, кои во моментов се 400-500. Тие не се насилни, туку банда фашисти кои сакаат да ја уништат државата. Не излегуваме одовде не затоа што не можеме, туку затоа што не сакаме да повредиме никого. Сакаме да ја зачуваме секоја српска глава, па дури и онаа што фашистите ја завеле, истакна тој.
Во меѓувреме дел од демонтрантите кои се пред зградата на Претседателството се упатија кон полцииска станица каде се приведени лица по вчерашниот упад во РТС во бид да издејствуваат нивно ослободување, јавија белградски медиуми.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.