Вучиќ: Поминаа 25 години од НАТО бомбардирањата и сè уште не прифаќаме окупација и наредби

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва во Прокупље, за време на одбележувањето на Денот на сеќавањето на загинатите во агресијата на НАТО, изјави дека поминале 25 години, но дека Србија не можат да ја распарчат.

„Поминаа 25 години од НАТО бомбардирањата и ние се уште не се откажуваме, се уште не се согласуваме со распарчување на Србија… Има мал народ во Европа, во мала земја на мала територија, кој сè уште стои гордо и достоинствено, која не прифаќа окупација и наредби“, рече Вучиќ.

НАТО бомбардирањата на СР Југославија започнаa на 24 март 1999 година и траеше 78 дена, до 10 јуни.

Точниот број на загинати не е утврден, но се проценува дека загинале околу 250 војници и полицајци, како и 2.500 цивили.

Пронајдете не на следниве мрежи: