Вучиќ се закани: Србија може да излезе од Советот на Европа

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека постои можност земјата да излезе од Советот на Европа, доколку Косово стане членка на организацијата и додаде дека приемот на Косово во таа организација де факто претставува протерување на Србија.

Ќе им биде многу, многу непријатно кога ќе се слушнат сите детали за тоа како ја лажеле Србија за Советот на Европа и сите други приказни. Одете со тоа, а потоа ќе видиме дали Србија сака да остане или не во Советот на Европа. Па да видиме, можеби повеќе ви се допаѓа Приштина во Советот на Европа отколку Белград и Србија“, изјави Вучиќ во гостувањето на ТВ Прва.

Тој оцени дека тоа е организација која одлучува „за ништо“.

Пронајдете не на следниве мрежи: