Вучиќ се пишмани: Вонредни избори не се во интерес на Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва изјави дека се води од државни, а не од партиски интереси и дека затоа предвремени избори ќе се одржат кога надлежните институции ќе одлучат за тоа.

„Тоа зависи од надлежните институции, но тие сакаат да ги уништат сите институции“, рече Вучиќ, коментирајќи ги барањата на студентите за распишување вонредни избори и додаде дека е лага дека не сака да ги распише затоа што не и одговараат на неговата партија СНС, туку затоа што тоа моментално не е во интерес на Србија.

Посочи дека неговите тврдења ќе се докажат како точни на изборите во Зајечар и Косјериќ следниот викенд.

Вучиќ изјави и дека извештајот на Канцеларијата за човекови права и демократски институции (ОДИХР) за Предлог-законот за избирачкиот список е во согласност со предложените измени, но една работа е останата да се реши за да се продолжи во парламентарна постапка во наредниот период, јавува државната агенција МИА.

Тој посочи дека во наредните денови, покрај Законот за избирачкиот список, сите три медиумски закони ќе поминат низ парламентарна постапка, а постапката за избор на Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми ќе продолжи.

Пронајдете не на следниве мрежи: