среда, 25 ноември 2026
Најново

Вучиќ се расплака пред 20.000 луѓе во Ниш (ВИДЕО)

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај
На манифестацијата на одбележувањето две децении од старот на НАТО бомбардирањето српскиот претседател Александар Вучиќ се расплака.
– Србија нема да даде да ја скршат, Србија не може да ја победат – порача тој пред 20.000 луѓе во Ниш.
При евоцирањето на спомените никој не останал рамнодушен и емоциите преовладувале кај секого, пренесуваат тамошните медиуми. На настаните од пред 20 години се присетил и самиот Вучиќ.
– Сакам да порачам од тука дека што и да се случи, немојте никогаш на никого да му дозволите да ги урне слободата и независноста на Република Србија! Никогаш! – рече тој.

 

Поврзани вести