Вчерашниот црн епилог на македонските патишта

На 07.12.2018 година во 14:30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Велес во атарот на с.Сопот, патничко моторно возило „Рено Меган“ со кочански регистарски таблички, управувано од Г.Б.(35) од Кочани, излетало од коловозот. На местото на трагичниот настан починале возачот и сопатникот Д.М.(36) од Кочани.

Увид е извршен од страна на јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Скопје. По наредба на јавен обвинител, телата биле предадени во Институтот за судска медицина на обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот.
И на магистралниот пат Битола-Прилеп вчера во сообраќајка загинаа две лица.
Жртви во страотната сообраќајна несреќа која се случи синоќа околу 20 часот кај прилепското село Вашарејца се две лица, возач и совозач во авомобил марка “Ауди“ со ресенски регистерски таблички.
При судир на товарно возило и автомобил, патничкото возило излетало од патот и загинале возачот Џ.И. (34) и совозачот А.И. (27).
И во Куманово загина пешак откако во него удрил автомобил „Тојота Јарис“ со скопски регистарски таблички, соопшти МВР. Несреќата се случила попладнето на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка на излез од Куманово.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.