Гавазова направи голема забава за 40-от роденден и беше ултра жешка во црвено

Фолк пејачката Сузана Гавазова со голема забава го прослави својот јубилеен 40-ти роденден.
Славеничката роденденот го организираше во еден ресторан во родната Струмица, каде присутствуваа нејзините најблиски, роднините, пријателите, колегите.


Дека овој роденден беше доста значаен, покажа и со изборот на огромната торта, но и ултра впечатливиот изглед.

Пејачката се одлучила за тоалета во бојата на страста, која дополнително го истакна нејзиниот телесен раскош, особено долгите нозе од високиот шлиц и бујните гради од длабокото деколте.
Желби имаме сите, а Сузе на почетокот од петтата деценија има јасен поглед за новото утре.
-Се знае која е мојата желба, што друго би си замислила ако не здравје. Пред се, посакувам здравје, да ми се здрави и живи децата, а во 2020-та година да имам повеќе хитови. Она што ме одржува сите овие години е тоа што сум сакана од сопругот, од фамилијата, од моите обожаватели. Тоа ме одржува во форма и ме прави да бидам секогаш млада-истакна Гавазова, во интервјуто за ИН ТВ.


На роденденската забава присуствуваа колегите: Благоја Грујовски, Стојне Николова, Бобан Мојсовски, Сани, дел момците од „Балкан бенд“ и „Дрим Тим“ и уште многу други, a Сузе покажа дека не само српските пејачи знаат да прават големи родендени за кои ќе се зборува.
Среќен роденден!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.