Министерството за здравство на Газа денеска соопшти дека најмалку 46.565 Палестинци се убиени, а 109.660 се ранети од почетокот на израелскиот напад на 7 октомври 2023 година.Во последните 24 часа загинаа најмалку 28 Палестинци, соопшти Министерството, додавајќи дека продолжуваат израелските напади врз училиштата кои беа претворени во засолништа.Како што јави Ал Џезира, најмалку осум лица загинаа во израелски напад врз училиште во Џабалија на северот од Газа.Училиштето служеше како засолниште за раселените Палестинци, а меѓу загинатите има и деца. Десетици ранети се пренесени во болницата Ал-Ахли во градот Газа.Агенцијата за цивилна заштита на Газа соопшти дека Израел убил најмалку 70 палестински деца во последните пет дена. Цивилната заштита не објави детали за возраста на жртвите, само рече дека тие биле убиени во напади во неколку области низ енклавата.
Пронајдете не на следниве мрежи: