четврток, 12 ноември 2026
Најново

Газа претворена во прав и пепел! Мртви на секој чекор, грозоморни сцени на улиците! Застрашувачки тврдења на Министерството за здравство: Убиени 46.500 Палестинци! (ФОТО)

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Министерството за здравство на Газа денеска соопшти дека најмалку 46.565 Палестинци се убиени, а 109.660 се ранети од почетокот на израелскиот напад на 7 октомври 2023 година.Во последните 24 часа загинаа најмалку 28 Палестинци, соопшти Министерството, додавајќи дека продолжуваат израелските напади врз училиштата кои беа претворени во засолништа.Како што јави Ал Џезира, најмалку осум лица загинаа во израелски напад врз училиште во Џабалија на северот од Газа.Училиштето служеше како засолниште за раселените Палестинци, а меѓу загинатите има и деца. Десетици ранети се пренесени во болницата Ал-Ахли во градот Газа.Агенцијата за цивилна заштита на Газа соопшти дека Израел убил најмалку 70 палестински деца во последните пет дена. Цивилната заштита не објави детали за возраста на жртвите, само рече дека тие биле убиени во напади во неколку области низ енклавата.

Поврзани вести