Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка и предложи притвор за 27-годишник со двојно македонско и австралиско државјанство, за кого постои сомнение дека сторил – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
На 10 март, на крстосница меѓу улиците „Партизанска“ и „Михајло Андоновски“ во Битола, осомничениот во видно алкохолизирана состојба управувал со автомобил БМВ Х6. Двајца полициски службеници го запреле и се обиделе да го легитимираат, по што осомничениот најпрво започнал да ги навредува, а потоа и физички го нападнал едниот полицаец, удирајќи го по главата и вратот. Полицајците го совладале и го уапсиле.
Судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола го прифати предлогот на обвинителот и на осомничениот му определи притвор во траење од осум дена.
- Mицкоски од Обединети Нации: Не можеме да ги убедуваме граѓаните дека компромисот е доблест ако секој компромис носи ново барањеПремиерот на Република Македонија од говорницата на Генералното собрание на Обединетите нации… Read more: Mицкоски од Обединети Нации: Не можеме да ги убедуваме граѓаните дека компромисот е доблест ако секој компромис носи ново барање
- Обвинителството бара дополнителни шест години за Тачи: Казната би можела да достигне 31 година затворСпецијализираното обвинителство во Хаг побара Хашим Тачи да биде осуден на дополнителни… Read more: Обвинителството бара дополнителни шест години за Тачи: Казната би можела да достигне 31 година затвор
- Супер Ел Нињо би можел да предизвика повеќе од 450.000 смртни случаи низ целиот свет во следните шест месециКлиматолозите проценуваат дека дополнителната топлина предизвикана од супер Ел Нињо од септември… Read more: Супер Ел Нињо би можел да предизвика повеќе од 450.000 смртни случаи низ целиот свет во следните шест месеци
- Сека Алексиќ позираше со нејзината мајка Ибрим: Го прославија 10-тиот роденден на синот на пејачката, Јаков (фото)Сека Алексиќ и нејзиниот сопруг Вељко Пиљикиќ организираа забава за 10-тиот роденден… Read more: Сека Алексиќ позираше со нејзината мајка Ибрим: Го прославија 10-тиот роденден на синот на пејачката, Јаков (фото)
- Mицкоски: Ако зелената транзиција ја направиме социјално неодржлива, ќе ја изгубиме поддршкатаЗелената транзиција е неопходна, но светот ризикува да создаде нови економски и… Read more: Mицкоски: Ако зелената транзиција ја направиме социјално неодржлива, ќе ја изгубиме поддршката



