Претседателот на Собранието, Африм Гаши, упати велигденска честитка до граѓаните од христијанска вероисповед.Тој ја истакна пораката за Велигден како симбол на надеж и духовна обнова.Целосна честитка:„Од мое лично име и од името на Собранието на Република Северна Македонија ви го честитам Велигден.Велигденската порака е можност уште еднаш да се потсетиме дека заедничките вредности како што се меѓусебното почитување, солидарноста и човечката добрина се од суштинско значење за напредокот на секое општество.На сите ви посакувам мир, здравје и благосостојба и Велигден да го поминете во топлина и љубов со вашите најблиски“, напиша Гаши.
Пронајдете не на следниве мрежи:



