Гаши не демашнтираше дека може да биде новиот претседател на Собранието – потврди дека тоа ВЛЕН го бара од ВМРО-ДПМНЕ

Африм Гаши, претседателот на Алтернатива, синоќа во интервју за Алсат ТВ не демантираше дека ќе биде новиот претседател на Собранието. Една од водечките позиции во државата – претседателот на Собранието, ќе и припадне на коалицијата ВЛЕН. Африм Гаши, за кој се шпекулира дека е личноста која ќе седне на чело на Собранието, во интервју за Алсат вели дека на разговорите со ВМРО ДПМНЕ за новата Влада, една од точките била Албанците да го добијат спикерското место. Гаши не кажа дали ќе биде претседател на Собранието, но ниту демантираше такво нешто.

„За нас беше важно Албанците да продолжат да вршат една од трите функции во државата и секако бидејќи се знае кој ќе биде премиерот и шефот на државата, побаравме претседателот на Собранието да биде од редовите на Албанците. . Договорот се уште не е конечен, начелно се договоривме за некои позиции, правилно е да се почека овие договори што ги договоривме со ВМРО да поминат кај нашите партиски органи и верувам дека во законскиот уставен рок, а тоа е 28 мај, на тој ден верувам дека ќе се конституира парламентот, мислам дека сите ќе имаме јасна претстава кој е заедничкиот предлог на коалицијата за претседател на парламентот“, изјави Гаши.

Гаши во интервју за Алсат вели дека парламентарните избори покажале дека ВЛЕН го има легитимитетот на македонските Албанци. Тој рече дека ДУИ била во коалиција со четири други заедници и дека разликата меѓу Европскиот фронт и ВЛЕН ја направиле партиите на заедниците

Пронајдете не на следниве мрежи: