Гвардиола: Јас сум подобар менаџер поради Премиер лигата

Менаџерот на Манчестер Сити,  Пеп Гвардиола смета дека конкурентната природа и големата непредвидливост на англиската Премиер лига обезбедиле најголем предизвик во неговата кариера досега.
Пред да пристигне во Манчестер Сити, Гвардиола има три шампионски титули на Шпанија, две победи во Лигата на Шампионите со Барселона, по што се пресели во Баерн Минхен и му донесе на клубот три последователни титули во Бундеслигата.


Но Каталонецот признава дека по пристигнувањето во Премиер лигата во 2016 година требал да придодаде цела низа на нови квалитети, како и бил принуден да се соочи со згусната програма од натпревари, како и со конкуренцијата на барем пет кандидати за титулата.
– Јас сум подобар тренер од оној Гвардиола, кој бев во Бундеслигата. Јас сум подобар менаџер од она што бев во Барселона, дури и само поради фактот дека пристигнав тука. Сега се чувствувам како подобар менаџер и затоа научив да се справувам со оваа неверојатна лига при многу околности, кои се појавуваат од секаква ситуација. Тоа е најтешката лига, со најсериозни кандидати, со многу собрани квалитетни фудбалери, изјави Гвардиола за време на предавање на Универзитетот на Ливерпул.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.