Гвинет Палтроу во целосно ГОЛО издание: Го прослави својот 50-ти роденден, па објави фотографии БЕЗ НИШТО на неа

Актерката се одлучила на многу смел подвиг објавувајќи низа златни фотографии на социјалните мрежи.

Гвинет Палтроу во целосно ГОЛО издание: Го прослави својот 50-ти роденден, па објави фотографии БЕЗ НИШТО на неа

Познатата холивудска актерка Гвинет Палтроу го прослави својот јубилеен 50-ти роденден и го одбележа со сесија за инстаграм.

По влезот во шестата деценија од животот, актерката сакала да докаже дека животот не застанал поради тоа, туку токму спротивното.

Со низа златни фотографии таа му испрати порака на светот дека пред неа се нејзините златни години.

  • Знам само дека ме бојадисуваат златно и морам да бидам гола – рекла Палтроу.

-Се чувствувам толку добро сега кога наполнив 50 години. Со овие фотографии сакам да го изразам тоа фантастично чувство, таа енергија и оптимизам – изјави таа.

Таа рече дека станува збор за поглед на жената на светот.

  • Чудно, не чувствувам дека времето помина. Се чувствувам исто како и пред 30 години – изјавила актерката.

Во објавата објавена на блогот на една велнес компанија, Палтроу напиша дека поминала долг пат и ќе продолжи да оди понатаму и да се труди да биде уште подобра.

Актерката добила неколку роденденски честитки од други жени со желба да влезе во нова ера на животот, период кога секоја жена треба да ужива во сите свои сетила.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.