Гевгеличанец фатен со автомобил полн мигранти

Вчера околу 16:40 часот на автопатот А-1 Гевгелија-Велес, на исклучувањето кон Неготино, од страна на униформирани полициски службеници било забележано патничко моторно возило со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.В. од Гевгелија, за кое постоеле сознанија дека во него се превезуваат мигранти.
Било забележано како од возилото излегуваат петмина мигранти, по што возачот го стартувал возилото, се исклучил на клучката кај Стоби и застанал. Совозачот Л.Б. (21) од Гевгелија е лишен од слобода, а петмината мигранти од Пакистан се сместени во Прифатен центар за странци во Скопје. За настанот е известен Јавен обвинител.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.