Нема подобро чувство од тоа кога денот го започнуваме со шолја кафе и парче торта, а сигурни сме дека сакате да уживате во истата рутина за време на викендите. Ние редовно споделуваме со вас одлични солени предлози за ручек, како и едноставни и брзи рецепти за десерти, а денес на менито имаме освежувачки тарт со лимон што ќе донесе насмевка на вашето лице.
Лимонски тарт
Состојки
За кората:
190 гр брашно
50 гр шеќер во прав
1 јајце
115 гр путер
1/4 лажиче сол
1 лажичка екстракт од ванила
Фил:
150 гр шеќер
2 јајца
3 жолчки
1/4 лажиче сол
120 мл слатка павлака
120 мл свеж сок од лимон
рендана кора од 2 лимони
За декорација:
шеќер во прав
неколку парчиња лимон
Подготовка:
1. Прво направете ја кората. Измешајте го брашното, шеќерот и солта, а потоа додадете путер исечен на коцки и оставете го да се мати додека не се растурат грутките. Додадете го јајцето и екстрактот од ванила и мешајте додека не се формира тесто. Не претерувајте со мешање.
2. Пренесете го тестото на парче проsирна хартија на работната површина. Со шпатула истапкајте го и израмнете. Завиткајте во фолија и ставете го во фрижидер 30 минути.
3. Извадете го тестото на набрашнета работна површина, посипете го со брашно и расукајте го со дебелина од приближно 4 мм.
4. Пренесете го тестото во калап за тарт. Притиснете го тестото со прстите да се залепи на рабовите, а потоа користете нож за да го отстраните вишокот тесто што излегува од калапот. Избоцкајте го дното на тестото со вилушка и ставете го во замрзнувач 30 минути.
5. Во меѓувреме, направете го филот. Во голем сад изматете ги јајцата, жолчките и шеќерот. Додадете кора од лимон и сок од лимон и мешајте со жица за матење додека не се соединат. Потоа додадете ја слатката павлака и повторно изматете убаво. Оставете го на страна.
6. Загрејте ја рерната на 175 степени. Ставете хартија за печење на тестото. Раширете го оризот (дебел околу еден прст) на хартијата и печете го тестото 15 минути.
7. Отстранете ја хартијата со оризот. Вратете ја кората во рерна уште 10-15 минути или додека не добие малку златна боја.
8. Намалете ја температурата на 150 степени. Додека кората е сè уште во рерна, истурете го филот над тестото (нека не ве загрижува што е течно). Печете 17-20 минути или додека кремот не стане цврст.
9. Оставете тартот да се олади на собна температура, а потоа ставете го во фрижидер да се олади најмалку два часа.
10. Пред сервирање, посипете го тартот со шеќер во прав и украсете со неколку парчиња лимон.
Во сласт!