Актуелниот градоначалник на Центар Горан Герасимовски ќе биде предложен за нов потпретседател на СДСМ. Веста ја соопшти претседателот на СДСМ Венко Филипче преку социјалните мрежи.
– СДСМ дополнително се зајакнува. Со задоволство ги информирам членовите дека Горан Герасимовски ќе го номинирам за нов потпретседател на #СДСМ.
Горан е човек кој со силна, посветена и одговорна работа ја заслужи довербата на граѓаните на општина Центар. Победата и освоениот втор мандат како градоначалник се најдобра потврда дека резултатите, блискоста со луѓето и искрената работа секогаш се препознаваат. Убеден сум дека Горан, со своето искуство, работа и искрена желба, ќе внесе нов импулс, ќе ги обедини сите наши капацитети против криминалната власт и ќе даде придонес во градењето на уште посилен СДСМ, напиша Филипче на Фејсбук.
The post Герасимовски ќе биде предложен за нов потпретседател на СДСМ appeared first on Provereno.



