четврток, 12 ноември 2026
Најново

Германија гласа: Кој ќе биде новиот канцелар?

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Германците денеска ќе излезат на гласање за да изберат 630 пратеници кои ќе седнат во Бундестагот. Овие избори дојдоа по распадот на тројната коалиција.

Во ноември, тројната коалиција, во која беа вклучени Германската Социјалдемократска партија (СПД), Зелените и Слободната демократска партија (ФДП), пропадна, а канцеларот Олаф Шолц мораше да се соочи со гласање за доверба, кое го загуби.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Така сојузниот претседател Франк-Валтер Штајнмаер го распушти Бундестагот и закажа нови избори за Долниот дом на парламентот.

А главни теми во предизборната кампања беа состојбата на економијата, миграцијата, како и геополитиката по говорите на американскиот потпретседател на конференцијата во Минхен пред само една недела.

Изборната кампања ја одбележаа и два напади што се случија во Германија и кои го поставија тонот на дискусијата за миграциската политика – нападот во Ашафенбург и оној во Минхен.

Овие напади предизвикаа и големи протести против екстремната десница, а повторно се зборуваше за т.н. „заштитен ѕид“.

Потсетуваме дека сојузните избори во Германија првично беа закажани за 28 септември 2025 година.

Поврзани вести