Германија: Законот за државјанство ќе биде олеснет како дел од реформа за имиграција

Како дел од имиграциските реформи во Германија, луѓето кои живеат во земјата треба да можат полесно да станат државјани. Наместо осум години, како што е моментално, би требало да може да се добие државјанство по пет години престој во Германија.

Германија: Законот за државјанство ќе биде олеснет како дел од реформа за имиграција

Плановите на владата се да го забрза процесот на натурализација за да им олесни на мигрантите да станат германски државјани. Овој процес, според портпаролот на Министерството за внатрешни работи, напредува и е „речиси подготвен“.

„Предлог-законот за модернизација на законот за државјанство е во Министерството за внатрешни работи и исто така е речиси подготвен за гласање во владата наскоро“, изјави во петокот Максимилијан Кал, портпарол на Министерството за внатрешни работи.

„Оваа сојузна влада ја гледа Германија како разновидна имиграциска земја, како различно имиграциско општество. Сакаме да овозможиме повеќекратно државјанство и да го поедноставиме процесот на стекнување германско државјанство. Натурализацијата генерално треба да биде можна по пет години, за разлика од минатото“, додаде тој.

Шолц: Потребни ни се промени

Еден ден подоцна на Твитер се огласи и канцеларот Олаф Шолц велејќи дека потребни се промени за просперитет на земјата.

„На натурализацијата и требаат подобри правила“, напиша Шолц во саботата на Твитер. „Се работи за почит и, се разбира, за нашиот просперитет. Затоа што сите овие жени и мажи придонесуваат за силна економија. Добро е ако се одлучат и за германско државјанство“, рече тој.

Како дел од имиграциските реформи во Германија, луѓето кои веќе неколку години живеат во земјата треба да можат полесно да станат граѓани. Наместо осум години, како што е моментално, би требало да може да се добие државјанство по пет години престој во Германија.

За професионални достугнувања државјанство за три години

Мигрантите кои дале посебен придонесе на професионален или академски план во посебни случаи ќе може да се стегнат со државјанство и по само три години.

Станува збор за случаи на таканаречени „посебни достигнувања за интеграција“ со што стекнувањето со државјанство би требало да биде можно дури и по три години.

Ова е во случаи кога имигрантите покажале посебни академски или професионални достигнувања или волонтерска посветеност или имаат особено добри јазични вештини.

Децата родени во Германија ќе станат Германци

Според законските измени, децата родени во Германија од странски родители треба автоматски да станат Германци доколку едниот родител има „законско вообичаено престојувалиште“ во Германија веќе пет години. Досега тоа беше случај само по осум години.

За оние кои се постари од 67 години, министерката за внатрешни работи Ненси Фезер сака да ги избрише официјалните јазични сертификати кои претходно беа потребни.

Реформата на законите за германско државјанство и миграција беше централен дел на коалицискиот договор меѓу социјалдемократите на канцеларот Олаф Шолц, Зелените и Слободните демократи кога ја формираа владата.

TRT Balkan / агенции

Пронајдете не на следниве мрежи: