Германија: Поплавите однеле најмалку 20 животи – по некои и натаму се трага

Премиерот на Северна Рајна Вестфалија и лидер на владејачката Демохристијанска унија (CDU) Армин Лашет, денеска изјавил дека ситуацијата во подрачјата погодени од поплави е драматична.
Поплавите кои вчера ја погодиле Северна Рајна Вестфалија во Рајна-Платинат, однеле засега најмалку 20 животи, а неколку луѓе се водат како исчезнати.
“Ова е многу драматична ситуација за луѓето. Се уште има исчезнати”, рекол Лашет кој ја посетил Алтена на реката Лена каде во текот на ноќта загинал пожарникар откако спасил еден маж.
Покраинската полиција на располагање ставила хеликоптери за да се пронајдат исчезнатите, рекол Лашет за “Bild”.

“Разговарав со многу жители кои преку ноќ изгубиле речиси се”, рекол Лашет кој, како што се очекува, ќе биде кандидат на конзервативниот блок за канцелар на Германија на изборите во септември.


Лашет ветил брза помош и дека покраините ќе направат се за трајно да им помогнат на загрозените.
Обилните врнежи предизвикале излевање на потоци и реки и започнале свлечишта. Урнати се шест куќи по чии жители се трага. Многумина се качиле на крововите, а водата носела автомобили, дрвја и мостови.

Пронајдете не на следниве мрежи: