Германската полиција уапси двајца мажи осомничени за планирање терористички напад во Стокхолм

 Двајца мажи се уапсени денеска во германскиот град Гера под сомнение дека планирале терористички напад во Стокхолм, соопшти денеска германскиот државен обвинител.„Тие извршиле конкретни подготовки за нападот во блиска консултација со претставници на Исламската држава“, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на обвинителството.Се додава дека осомничените собирале средства за терористичка организација кои биле наменети за припадниците на Исламската држава затворени во северна Сирија.Според обвинителството, Исламска држава им наредила на мажите да го извршат терористичкиот напад како одговор на палењето на Куранот во Шведска. Плановите, наводно, вклучувале убиства на полицајци и други во областа околу Риксдаг, шведскиот Парламент. 

Пронајдете не на следниве мрежи: