Германското обвинителство наложило обдукција за четврток: Шаулиќ сам излегол од автомобилот и влегол во санитетското возило, а потоа починал во болница

Германското обвинителство наложило обдукција на телото на починатиот Шабан Шаулиќ во четврток, за што го известило Министерството за надворешни работи на Србија, дознаваат српските медиуми.
Според нивните информации за истрагата, по несреќата на автопатот кај Билефелд, Шаулиќ сам излегол од автомобилот со кој се превезувал до аеродромот и влегол во санитетското возило.

Но, од силниот удар при сообраќајната несреќа му пукнала срцевата аорта, а по настанатите комликации починал во болница. Повеќе детали, велат, ќе бидат познати по извршената обдукција.

Било предвидено прибирањето на неопходните документи да се заврши до четврток, но бидејќи обдукцијата е закажана за тој ден, во моментов не се знае кога ќе биде погребот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.