Германците се ослободуваат: 350 000 дизелаши се селат на Балканот

По скандалот со Фолксваген, каде беше откриено дека компанијата мамeла за емисиите на јаглерод диоксид на повеќе од 11 милиони дизел-автомобили, се повеќе и повеќе европски градови наметнуваат ограничувања или забрани за дизел возила, што во неповолна состојба ги става дилерите на половни автомобили, јавува Дојче веле.
„До неодамна, продажбата на дизелот одеше одлично, а сега не можам да се ослободам од нив заради овие забрани. Еве, Пасат дизелот, Еуро 6, нов автомобил кој инаку чини 28 илјади евра, денес не можам да го продадам за 21 илјади“, вели Акајгун Хасан, сопственик на плац за продажба на автомобили во Германија.


Според германското здружение на дилери на автомобили, тригодишен дизел автомобил, со 45.000 поминати километри, изгубил половина од својата вредност, а во рацете на германските дилери такви се останати 350.000, во вредност од вкупно пет милијарди евра, не можејќи да најдат купувачи.
Германците сè помалку купуваат дизел заради забраната, односно ограничувањата, т.н. еколошки зони, кои се воведени во околу 50 германски градови последниве години. На пример, на дизел автомобилите им е забрането влегување на две улици во центарот на Штутгарт и три улици во Хамбург, а според најавите, забраните ќе бидат уште поригорозни во иднина. „Сите ми кажуваат – носете ги автомобилите на Балканот,ако автомобилот има поминато 300.000 километри, ќе може да издржи уште толку “, раскажува еден трговец.
Веројатно е дека тоа ќе го прават германските дилери на автомобили. Во 2018 година извозот на користени автомобили на пазарите во Источна и Југоисточна Европа од Германија изнесуваше 226 илјади возила, што е двојно повеќе од 2013 година, пред скандалот со Фолксваген, кога беа извезени 142 илјади.
Само минатата година од Германија во Хрватска дошле 7 500 автомобили , што е екстремно зголемување за 90 проценти во однос на претходната година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.