Го сакам мирисот на кафето кој полека се шири и вкусот на полнето чоколадо кое се топи во устата.
Сакам тавани со греди, трошки леб и работи кои повеќе никој не ги користи.
Сакам да го сретнам погледот на некоја непозната жена.
Сакам да ги гледам сигурните потези на некој мајстор за пица, сакам полетни прегратки, рачето на новороденчето кое се обидува да го дофати воздухот.
Сакам куќа која е обрасната со бршлен, рибата кога ќе зграпчи трошка леб на површината и бргу ќе нурне во длабокото.
Ги сакам оние кои читаат на автобуски станици.
Ги сакам оние кои не планираат премногу и знаат да бидат сами.
Го сакам мирисот на пот после долго трчање.
Ги сакам оние на кои чашата секогаш им е полуполна.
Ја сакам седата коса и железните ваги кои порано ги користеа продавничките.
Сакам кога ќе дојдам дома и ќе ме дочека мирис на ручек.
Го сакам звукот на бакнежот врз кожата.
Ги сакам оние кои не се плашат први да се заљубат…