Овој напиток има бројни благодати за организмот, а во последно време стана многу популарен.
Целерот е одличен извор на влакна, калциум, магнезиум, фосфор, витамини од групата Б како Б6, витамин Ц и многу други минерали. Содржи многу малку заситени масти и холестерол. Во исхраната се користи коренот, стеблото и листот. Целерот е неизоставен дел од супите, чорбите, салатите и варивата, а сушеното семе од целер се употребува како зачин.
Лековитоста на овој зеленчук е позната уште од дамнешни времиња. Луѓето го одгледувале целерот бидејќи сметале дека го зајакнува имунитетот, а семињата биле користени за ублажување на болки.
Еве што сè лекува целерот:
Го намалува ризикот од Алцхајмерова болест
Едно неодамна спроведено истражување покажало дека лицата кои пијат сок од стебло од целер барем 3 пати неделно имаат 76 отсто помал ризик од појава на Алцхајмерова болест. Имено, оваа билка е богата со лутеолин – флавоноид кој има природно антивоспалително дејство кое спречува болести на мозокот, ги подобрува неговите когнитивни функции, штити и го подобрува помнењето.
Ги ублажува хроничните воспаленија
Полиацетиленот од целерот е неверојатно средство за подобрување на воспалението, вклучувајќи воспаленија како што се артритис, остеоартритис, астма, ревматизам и бронхитис. Неговите антивоспалителни својства помагаат во намалување на отокот, во лекување на болни зглобови, а во истовреме ги опуштаат мускулите. Покрај тоа, целерот го намалува ризикот од појава на дијабетес и срцеви заболувања.
Го регулира крвниот притисок
Фармацевтите научно докажале дека високиот крвен притисок се намалува за 14 отсто по само неколку недели консумирање сок од целер. Ако имате проблеми со висок крвен притисок, сокот од целер е еден од најефикасните начини за негово намалување.
Го подобрува имунитетот
Богатството од витамин Ц ги прави целерот и сокот од целер едни од најдобрите сојузници на силниот имунитет. Ги намалува симптомите на настинка, а неговото консумирање особено се препорачува кога сте болни или настинати. Покрај витаминот Ц, за зачувување на одбранбените моќи на организмот е заслужна и состојката кумарин.
Поволно влијае на кожата
Доколку имате проблеми со акни или кожни проблеми, редовното консумирање на сок од целер ќе ви помогне во таа борба. Целерот е богат со минерали кои ја чуваат еластичноста на кожата, како и со витамини Ц и Б кои значително придонесуваат за нејзиното здравје.
Го намалува холестеролот
Лабораториските истражувања на Универзитетот во Чикаго докажаа дека целерот го намалува нивото на лошиот холестерол за дури 7 пати, и тоа доколку пиете сок од целер само 4 пати неделно.