Главниот бугарски обвинител доаѓа во Скопје да ги преземе ДНК примероците за идентификација на жртвите

Главниот бугарски обвинител Иван Гешев во придружба на истражители денеска ќе дојде во Скопје за лично да поднесе барање за правна помош до Обвинителството во Северна Македонија. Бугарските обвинители треба да добијат ДНК профили од роднини на загинатите во автобуската несреќа заради идентификација на жртвите.
Денеска Бугарското обвинителство треба да објави нови информации за трагедијата.
Во меѓувреме, продолжува истрагата за тешката автобуска несреќа во која загинаа 45 лица на автопатот „Струма“ во Бугарија.
Бугарската телевизија „Нова“ јави дека шест истражители од Националната истражна служба и тројца обвинители од Подрачното обвинителство во Перник работат на предистражната постапка.
Портпаролката на главниот обвинител Сијка Милева уверува дека во најкус можен рок, бугарските истражители ќе ги добијат потребните документи од нивните македонски колеги.
Во меѓувреме, седумтемина преживеани остануваат на лекување кај Пирогов. Нивната состојба е стабилна. Двајца од преживеаните вчера се оперирани. Еден од нив има длабока изгореница на двете раце. Здравствените власти размислуваат оние кои се стабилни да си одат дома кај своите најблиски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.