Оваа комбинација со посебно избрани шпагети е навистина одличен избор на храна во сите сезони.
Се користат капелини – ултра тенки шпагети што малку потсетуваат на нудли. Се варат само пет минути, па дури и помалку.
Подготовка:
Сварете ја пастата во посолена вода, па исцедете ја. Во подлабок сад загрејте маслиново масло и на тивок оган загрејте италијански зачини (сув босилек, оригано и магдонос) за да пуштат мирис.
Додадете излупен домат, исецкан на коцки и оставете топлината кратко да ‘продре’, не подолго од 2 минути.
Додадете ја сварената паста и добро измешајте.
Оставете малку да се излади пред да ја додадете сецканата моцарела и свежото оригано.