Ева Лонгорија знае како да привлече внимание со модните изданија, а тоа го потврди и со појавувањето на Глобалната гала за подароци во Париз оваа сабота. Меѓутоа, во центарот на вниманието бил нејзиниот 6-годишен син, кој не сакал да ја остави сама да се фотографира.Американската актерка изгледаше неверојатно во сребрен фустан без прерамки. Сребреното парче облека беше покриено со светки, а деталите беа зашиени на проѕирна ткаенина. Фустанот без прерамки ги истакна нејзините облини, а го спои со сандали со отворени потпетици. View this post on Instagram A post shared by JORDAN DEAL | MAKEUP ARTIST (@jordan_mkp)Гламурозниот аутфит го комплетираше со едноставна огрлица, прескокнувајќи ги обетките. Носеше и нараквица и прстени кои одговараа на ланчето. Таа ја пушти косата да и падне зад рамениците, а за оваа прилика избра земјени тонови на шминка.Eva Longoria puts on a glamorous display in a strapless silver sequin gown at Global Gift Gala in Paris #GlobalGiftGala #Paris pic.twitter.com/3pyPz91Z0t— ✌️ (@Mart_in_Paris) October 6, 2024Сепак, најголемо внимание на овој настан привлече нејзиниот син Сантијаго, кој не сакаше да ја остави сама да се фотографира, на крајот мораше да „побегне“ од него за да им позира на фотографите. View this post on Instagram A post shared by Paris Match (@parismatch)Актерката неодамна го привлече вниманието појавувајќи се на уште еден настан во Париз. Токму ревијата на Лореал ја отвори модната недела во Париз, а токму Лонгорија го имаше едно од најнезаборавните модни изданија.Таа заслепуваше во бела креација со нагласено деколте и шлиц напред, додека на нозете имаше сандали со отворени потпетици од Џими Чу.
Пронајдете не на следниве мрежи: