Глобалниот долг постигна рекорд на сите времиња и е во вредност од 184.000.000.000.000 $

Долгот на светот моментно надминува 86.000 долари по лице во просек, според Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). САД, Кина и Јапонија се првите три глобални должници, кои сочинуваат повеќе од половина од глобалниот долг.
Од почетокот на милениумот, учеството на Кина во глобалниот долг се зголеми од помалку од три отсто на над 15 отсто, нагласувајќи го брзиот пораст на кредитите по глобалната финансиска криза. Според ММФ, глобалниот долг достигна рекордно високо ниво од 184 трилиони долари во номинален износ. Тоа е еквивалентно на 225 отсто од светскиот БДП во 2017 година. Долгот е 2 трилиони долари повисок од проценетиот број што го објави фондот во октомври, бидејќи ги вклучува долговите на неколку земји кои претходно не ги објавија своите ажурирани податоци.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.